Дарен Карвил работел во продажен салон за автомобили „Mr Clutch“ како сметководител. Тој бил секогаш мирен и повлечен, но неговиот шеф редовно му вршел мобинг.

Во еден момент 38-годишниот човек не можел повеќе да издржи и смислил план, како да си ја исполни желбата за еден „луд викенд“.

Тој зелам од фирмата вкупно 300.000 евра и за само еден викенд успела да потроши 196.000 евра. За време на викендот тој ги трошел парите на дрога и ексклузивни ескорт дами.

Дарен за прв пат во животот бил опкружен со луѓе од високата класа и имал голем број на сексуални авантури со скапи ескорт девојки. Исто така голем број од парите потрошил на високо квалитетен кокаин и алкохол.

Тој во судот го признал делото и раскажал како неговиот шеф постојано го исмејувал и малтретирал и дека тоа го поттикнало да сака да „дивее“.

Сепак Дарен пред судот изјавил дека планирал и да ги врати парите, но малку се занел со износот. Поради своите постапки добил казна затвор од 2,5 години .

Сподели на Facebook
пати видено