Судбината на 34-годишниот Сергеј Баловин е полна со пресврти, а некои луѓе го нарекуваат и измамник, и тој лесно се согласува со ова.
На 17-годишна возраст, Баловин почна да го изучува сликарството и да организира изложби, потоа завршил во Кина, каде што станал популарен уметник, направил многу пари, и откако ги потрошил, одлучил дека воопшто не му се ни потребни.
Почнал да слика портрети за храна и облека и патувал низ целиот свет, разменувајќи предмети за предмети, за домување и за билети. Во Италија, Сергеј се запознал со својата идна сопруга, Клаудија, а потоа продолжиле да патуваат заедно. Сега парот живее во куќа во италијанските Алпи, добиен во замена за портрет.
Кога имал 5 години, мајка му видела птица насликана во блокот на синот и одлучила дека има талент. За да не ја разочара својата мајка, Сергеј не признал дека авторот на цртежот не е тој, туку наставникот. Оваа невина лага ја предодредила судбината на момчето, а на возраст од 8 години почнал да учи да црта и слика.
По 10 години кинески студенти го запознале со својот учител Шен, а Сергеј успеал да организира изложба за него во Воронеж. Во знак на благодарност, Шен ветил дека ќе му помогне на уметникот со лична изложба во Чонгкинг, но одеднаш исчезнал.
За да не се врати дома Сергеј останал кај семејството на еден свој пријател и поминал цела година правејќи прекрасни слики. Тој успеал да ги продаде сликите за големи пари на првата изложба, но веќе на втората среќата го напуштила. Тој тогаш сфатил дека нема со што да го плати станот во Шангајскиот облакодер со прекрасен поглед на градот.
Така на ум му дошла идејата за „Природна размена“. Така тој почнал да добива храна, облека, садови, мебел и други неопходни работи. За возврат, уметникот насликал 2 портрети на секој: еден од нив го зел купувачот, а втората ја надополнувала колекцијата на ѕидовите на станот. Наскоро необичниот стан стана центар на културниот живот на руската заедница во Шангај. Луѓе го посетувале неговиот стан и му плаќале за влез и на тој начин ја плаќал и киријата.
Но, Сергеј бил толку занесен од животот без пари што решил да оди на светска турнеја, разменувајќи ги своите дела за работи потребни за живот. Тој пропатувал низ 40 земји и насликал над 7.000 портрети, вклучувајќи и на познати личности, од кои и швајцарскиот министер за економија Јохан Шнајдер-Аман.
Тој во Италија направил портрет на човек кој бил со својата ќерка. А ова девојка подцна му станала и сопруга на умтеникот. 3-катната куќа од 19 век во италијанските Алпи, опкружена со шуми, лоцирана веднаш до планински поток и на алпска ливада, исто така, без пари им била дадена на младенците. Точно, во неа немало вода ниту греење, а до неодамна служела како барака каде живееле крави, овци и зајаци.
Во текот на 6 месеци Клаудија и Сергеј ја поправале куќата. Волонтери им помагале и секој предмет од куќата си има својата приказна од каде потекнува, во замена за цртежите.
Тука има слаба мрежа за мобилен, а за интернет треба да пешачите на ридот. Сепак секој може да го посети воој дом каде што се прикажуваат уметнички изложби и филмски проекции.