Жена од Вирџинија го снимила моментот кога за време на нејзиното пешачење по природните патеки, на карпата што била во близина здогледала лице кое наликувало на Исус.

Шае Хаус била на една од нејзините вообичаени прошетки на патеката во Линчбург, Вирџинија, кога го видела “Исус”.

Додека ја фотографирала природата и карпестите изданија, го здогледала ликот и се обидела неколку пати да го фотографира, а сето тоа го документирала и со видео.

Видеото го споделила на социјалните мрежи и под него напишала дека истото го снимила кај патеката Крик, во Линчбург.

“Фотографирав карпи и кога погледнав нагоре, се колнам, го гледам Исус на овој камен”- се слуша како вели Шае на видеото.

Истовремено во видеото го опишува ликот со нос, затворени очи, трнлива круна, модринки, подуен лев образ, брада, мустаќи и долга коса по должина на деснaта страна.

Ликот наводно може да се види само од еден единствен агол.

Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.

Сподели на Facebook
пати видено