Црната дупка е всушност место во вселената каде што има огромна гравитациона сила од која што ништо не може да избега, дури ни светлината.
Се верува дека црните дупки лежат во центарот на галаксиите, вклучувајќи ја и нашата. „Хоризонт на случување“ е границата на областа од каде што не е возможно да избега и светлината.
По поминување на таа граница започнува процесот на „шпагетификација“ односно телото кое ја поминало границата почнува да се растегнува. Гасови и прашина се заробени се заробени во овој хоризонт кој се формира во диск и свети. Долго време недостасувале докази за овој феномен.
За да се опфати фотографија од црната дупка е потребен телескот со големина на Земјата. Затоа астрономите го измислиле Event Horizon Telescope (EHT), кој ги комбинира сигналите на телескопите од целиот свет. И сега овој телескоп успеал да ја опфати првата фотографија од црна дупка.
Ние сега можеме да го видиме „огнениот“ прстен кој го обвиткува црното „срце“ на црната дупка во М87 галаксијата. Оваа неверојатно научно достигнување ќе ни помогне да го проучиме „хоризонтот на случување“ на црната дупка и полека да ја разоткриваме мистеријата зад неа. Сега конечно сите можеме да го видиме „невидливото“.
Сепак што се однесува до Македонија… ние одамна ја имаме видено црната дупка, без користење на современа технологија и без да бараме многу далеку, затоа што таа секогаш си беше во нашиот џеб 🙂