Дедо Ма Саншао ги загубил двете нозе поради болест. Единствената работа која локалните власти му ја нашле на воениот ветеран е пошумувањето, која тој ја прифатил, за да може да го издржува своето семејство. На почеток тоа го работел за плата, но потоа му преминало во пасија, па 70-годишниот старец успеал да создаде цела бујна шума од нула, само со своите лопата, мотика и железна волја. Во изминатите 19 години, тој и покрај својот хендикеп успеал да засади неверојатни 17.000 дрвја.