12 бели коњи се фотографирани како галопираат преку езеро во јужниот дел на Франција. Коњите галопираат во совршен момент, додека сонцето заоѓа зад нив. Езерото е во близина на францускиот град Сент Мари де Ла Мер. Фотографот Скот Сталберг се нашол на вистинското место, во вистинско време и успеал да ги фотографира белите коњи.
Тој вели дека никогаш не фотографирал „помагичен“ момент. Стадото на бели коњи живее во полу-диви услови во мочурливите подрачја на регионот. Камгарскиот коњ, кој официјално бил признат како раса во 1978 година, се вели дека живеел во регионот илјадници години.