Понекогаш за да постигнеме некои едноставни цели користиме банални изговори. Некои луѓе за кои едноставни работи се претвориле во невозможни решаваат, со истрајност да ги претворат во реалност.
Таква е и приказната за 70-годишниот воен ветеран, Ма Санџиао, кој од пуста планина создал прекрасна шума. Иако делото само по себе е неверојатно, уште поневеројатен е фактот што овој човек успеал во оваа цел, без неговите нозе.
Тој им кажал на локалните новинари: „Иако немам две нозе и мојата енергија е ограничена, но се додека живеам, ќе продолжам да садам дрвца“.
Г-дин Ма живее во селото Мају во округот Џинг во провинцијата Хебеи во северниот дел на Кина. Тој се приклучил на војската во провинцијата Фуџијан, на возраст од 20 години, за да се обучи за воен шпион. Три години подоцна, тој страдал од инфекција додека извршувал некоја задача и добил сепса, потенцијално опасна по живот состојба предизвикана од одговорот на телото на инфекција.
Тој беше принуден да се пензионира во 1974 година поради болеста. Прво работел како учител, потоа како земјоделец. Во 1984 година, неговата болест се влошила и довела до воспаление во десната нога. Тој мораше да го ампутира долниот дел од десната нога во 1985 година.
Следната година, истото воспаление се случило во левата нога. За да ја лекува левата нога, неговото семејство позајмило повеќе од 200.000 јуани (околу 25.000 евра) за да платат за медицински трошоци. За жал, лекарите не успеале да ја спасат левата нога и му ја ампутирале во 2004 година.
Од 2000 година, г-дин Ма почнал да сади дрвца со цел да ги плати големите заеми за неговото лекување, но вели дека продолжил да го прави тоа бесплатно за да придонесе во општетсвото.
Пензионираниот војник често го напушта својот дом во 5 часот пред изгрејсонце за да засади дрва на една планина на западната страна од неговото село во планинскиот предел Таиханг. Тој носи храна со него и обично го поминува целиот ден во дивината сам.
Тој оди од својот дом до планината со помош на вештачки екстремитети. Садење дрвја не е лесна задача за млад и физички способен човек, а камоли пензионер со хендикеп. Г-дин Ма вели дека имал сериозни повреди по паѓањето во длабоки пукнатини за време на неговите излети.
„За мене тоа не се дрвја. За мене тоа се војници со кои јас управувам каде да бидат позиционирани. Прават да се чувствувам исполнето. Сѐ додека сум жив ќе садам дрвја за идните генерации.“, вели 70-годишниот ветеран.