Во септември 2018 година, Дин Николсон имал една цел да патува низ целиот свет сам и го започнал своето долго патување од својот роден град Данбар, Шкотска.
31-годишниот Шкотски патник бил уморен од својата од седум до три работа како заварувач, па затоа сакал да го промени својот животен стил и да го види светот од велосипедско седиште.
Патувањето било одлично додека тој патувал на југ, минувајќи низ осум различни земји и споделувајќи на неговите луди авантури онлајн. Но, кога ја преминал босанската граница во Црна Гора, неговите планови морале малку да се сменат.
Тој се движел со велосипедот по угорница и во моментот кога сакал да пушти музика слушнал мало гласче зад него. Кога го забележал малто маче решил да застане и да го погали. Но, животното имало друга намера, тоа веднаш почнало да му се умилкува и тргнало по неговиот велосипед. Дин не можел да го остави мачето и решил да го земе со себе.
Бидејќи се наоѓале во пустелија и немало куќи наоколу, а мачето било прилично гладно, Дин сфатил дека претходниот сопственик најверојатно намерно го фрлил тука. Тој ѝ го дал името Нала, според омилениот лик во цртаниот филм „Кралот лав“.
Тој ѝ направил импровизирано живеалиште на Нала и заедно поминале многу места, од далечни плажи, до запуштени замоци. Нала немала проблем да се вози на велосипедот, а исто така често се качувала на грбот на Дин додека тој возел. Патникот вели дека луѓето кога ќе ја видат Нала сакаат да се фотографираат со неа.
По неколку месеци Нала се разболела, а Дин тогаш сфатил колку се плаши да ја изгуби својата пријателка. Така тој неколку недели останал во хостел додека мечето да оздрави, а потоа и купил подобра куќичка која ја прикачил на велосипедот.
Лудо е кога ќе сфатиме колку брзо животот може да ни се измени и колку брзо можеме да го најдеме совршениот придружник. Кога овој човек тргнал од дома имал цел да го прошета светот, сам, на велосипед, но сега повеќе се грижи за здравјето и среќата на Нала, отколку за својата желба.