Лени Кравиц, Колин Фарел, Ал Пачино, Николас Кејџ, заедничка работа на овие познати мажи им е тоа што сите се самохрани татковци и сами се грижат за своите деца. Од неодамна многу се зборува за самохраниот татко на Изи, Грег Викхерст.
Тој се прославил така што почнал да ѝ прави фризури на својата ќерка, кои би ги посакала секоја модна блогерка. На социјалните мрежи Грег е познат како „Таткото за коса“ (The Hair Dad).
Грег се развел од својата сопруга, мајката на Изи, кога девојчето имало 2 години. Тој работи во IntelliTec College во Колорадо Спрингс, каде што, всушност, дознал за талентот за фризерството, но за тоа малку подоцна.
Девојчето поминувало голем дел од времето со својот татко, а Грег знаел само да ѝ врзе коњско опавче, кое не изгледало толку добро. И во одреден момент, Грег сфатил дека треба да ги научи барем основите на фризерството, така што косата на неговата ќерка да изгледа уредно.
Грег побарал помош на неговиот колеџ, каде што имало и предмет како што е козметологијата. Тој побарал да го научат на направи барем неколку едноставни фризури. Младиот татко бил способен студент. На фризерските курсеви, тој веднаш почнал да прави интересни плетенки.
Кога се вратил дома по првото предавање веднаш ѝ покажал на Изи што научил и девојчето без проблем му ја препуштило косата на својот татко. „За нас ова беше одличен начин да се зближиме, особено кога надвор вее снег и мора да останеме дома.“, вели Грег.
Младиот татко бил повикан да учествува во неколку емисии и наскоро останатите татковци барале совети од него како и тие да ги прават истите фризури. И тогаш Грег одлучил да објави едукативни видео упатства за создавање на едноставни, но истовремено и ефективни детски фризури на неговиот Фејсбук профил.
Младиот татко ги охрабрува сите татковци да уживаат во секоја минута помината со своето дете, бидејќи децата растат многу брзо. Па, сега сакаме да споделиме со вас некои од делата на Грег, создадени за неговиот најважен модел – ќерката Изи.