Да добиете толку многу пари а да не станеш од креветот на прв поглед изгледа како рај, но ако размислите подобро, обичните работи како што се физиолошките потреби, туширањето, па дури и заспивањето се многу тешки задачи. Андреј Иваницски учествувал во една необична научна студија на НАСА за ефектите на телесната тежина на човечкото тело. Научниците на НАСА сакаат да сфатат како да го намалат негативното влијание на бестежинската состојба на телата на астронаутите.

Суштината на експериментот лежи во фактот дека кога субјектот лежи долго време, во телото се појавуваат промени, слични на оние предизвикани од продолжениот престој во бестежинска состојба. Иваницки издржал да не стане од кревет 70 дена, за што добил 18 илјади долари и вели:

„За првпат по долго време, немав никакви грижи. Читав, играв компјутерски игри или само размислував од утро до вечер. Бев навистина благодарен за можноста да бидам во изолација.“

По некое време, Иваницски почнал да го доживува психолошкиот стрес: диеталните оброци биле заменети со монотони медицински тестови, и сето тоа му станало многу здодевно. Но, вистинскиот тест била неговата девојка, која го посетила само еднаш, но не смееле да се допрат.

„Таа тргна да ме гушне и да ме бакне, но медицинската сестра ги прекина сите обиди за физички контакт. Но сепак, нејзината посета ме потсети на животот што ме чека надвор и ми даде сила да издржам.

Кога медицинските сестри после 70 дена конечно го исправиле Андреј, тие го предупредиле дека пред него, ниту еден од субјектите не можел да застане на нозе во првите 15 минути. Иваницки не бил исклучок. Гледајќи дека губи свест, персоналот на научниот центар го вратил во кревет. Така почнало враќањето во реалниот свет, кое траело две недели.

НАСА повторно бара некој да легне неколку месеци – овојпат жена.

Сподели на Facebook
пати видено