Ади Рехал го немал видено својот татко во изминатите 20 години, но бил решен да го пронајде. Нивната приказна започнала како и секоја друга на семејство чиј татко и сопруг заминува на печалба.
Бидејќи биле многу сиромашни во Индија, таткото на Ади, Раџ, заминал првин во Австрија, а потоа и во Австралија на печалба. Тој редовно им праќал пари на сопругата и двете деца, со надеж дека ќе соберат доволно и ќе можат да ја напуштат Индија.
По одредено време тие собрале доволно пари и се преселиле во Ирска. Тие му велеле на Раџ да дојде и тој да живее со нив, но тој им велел дека ќе дојде кај нив кога ќе се измори, а дотогаш ќе им праќа пари.
Полека тие изгубиле контакт со Раџ кој престанал да им се јавува. Но, Ади отсекогаш сакал да знае што се случило со неговиот татко.
Така тој на своите 34 години решил да отпатува во Сиднеј, Австралија и да го побара Раџ. Тој првин го побарал во Сиднеј кај нивни роднини, но тие му кажале дека не го виделе човекот со години и дека моментално е некаде во Мелбурн.
Бидејќи имал само стара фотографија од неговиот татко Ади не се надевал многу дека ќе го пронајде, но сепак имало нешто што му велело дека е близу.
Тој ја покажувал фотографијата во метроата и железничките станици. На една од страниците еден од вработените му кажал дека го познава Раџ, тој дури и го знаел неговото име.
Ова не било затоа што Раџ бил чест патник, туку останал бездомник и спиел на станицата. Сепак вработениот му соопштил лоша вест на Ади.
Тој му кажал дека пред неколку дена неговиот татко бил нападнат и ограбен и дека во моментот се наоѓа во болница, 30 км од Мелбурн.
Ади веднаш се упатил кон болницата, каде што со помош на медицинскиот персонал успеал да дојде до неговиот татко. Од болницата велат дека во тој момент сите плачеле и не штеделе на солзите. Раџ бил изненаден и воодушевен што неговиот помлад син успеал да го пронајде и изјавил дека не се надевал дека ќе доживее повотрно да си го види семејството.
Раџ исто така успеал да се види и со својата сопруга Сатнам. Сега семејството ќе се обиде да ја обнови врската и Раџ конечно ќе може да се тргне од улиците и станиците на Мелбурн.