Озлогласениот водач на култ и сериски убиец Чарлс Менсон има љубовни проблеми како и сите други. Добро, можеби и не како сите други. Осумдесетгодишниот убиец неодамна сфатил дека е тешко да се пронајде љубов кога од 1971г. навака секој ден го поминувате во затвор како еден од најозлогласените криминалци во историјата.
Во 2006г. деветнаесетгодишната жена Афтон Илејн Бартон почнала да го посетува Менсон во затвор. Во 2014 година решиле да се свршат. Но, Менсон неодамна дознал дека неговата млада невеста има некои интересни планови за после свадбата, во кои не предвидувала никаков меден месец.
На 17. ноември 2014, Менсон објавил дека се свршил со 27-годишната Бартон.
Но бракот никогаш не бил склучен. Менсон наскоро дознал дека целта на Бартон била да го наследи неговото тело по неговата смрт. Таа и нејзините пријатели сакаат да го изложат телото и да наплатуваат на тие кои ќе сакаат да го видат.
Така свадбата била откажана. Дури и ако не била откажана, Менсон мисли дека планот на Бартон е глупав, бидејќи тој верува дека е бесмртен
Всушност, можеби целата идеја за свадба бил добро осмислен план на Менсон, кој често барал од Бартон и нејзините пријатели да криумчарат разни нешта за него во затворот, така што, кој кого играл тука?