Полицијата во Женгжу започнала истрага откако неколку жени пријавиле дека биле измамени од ист маж. По спроведената истрага го уапсиле Тан.

Овој човек успеал да измами 19 жени почнувајќи од 2017 година. Тој се гледал со сите, се претставувал како богаташ и успеал да им ги земе животните заштеди. Тој исто така има деца со 4 од жените, а 2 се бремени.

Тан дошол до оваа идеја откако добил отказ од својата работа како промотер на алкохолни пијалоци во 2017 година. Тој решил да се претставува како син на богати политичари и да носи лажна маркирана облека и да им подарува лажни маркирани подароци на своите жртви.

Една од жртвите вели дека се запознала со Тан преку апликација за запознавање и дека тој бил многу културен и фин. Тој дури и ја предомислил да абортира кога останала бремена. Но, откако го родила синот, Тан го снемало. Таа исто така му позајмувала пари на Тан и му го дала нејзиниот автомобил.

Уште една негова жртва со презиме Јанг вели дека Тан извлекол од неа околу 18.000 евра така што и велел дека не е во добри односи со своите родители и дека сака да запише мастер студии. Потоа ја запросил со лажен дијамантски прстен и ѝ побарал пари за да отвори бизнис.

Досега 17 негови жртви поднеле тужба, а се очекува и другите 2 да се јават наскоро. Тан во полицијата изјавил дека морал да купува „добри“ лажни луксузни предмети и облека, затоа што немал пари за вистинските.

Сподели на Facebook
пати видено