Литванецот Скримантас Стримаитис сакал да оди во Италија на скијање и си резервирал лет преку Novaturas. Тој не очекувал дека летот кој трае повеќе од два часа, од Вилнус до Бергамо, ќе биде лет кој што ќе го памети целиот свој живот.

Кога влегов во авионот забележал дека е празен, а набрзо му кажале дека тој ќе биде единствениот патник во авионот. Без бебиња кои врескаат, без патници кои се обидуваат да ви го зафатат седиштето, туку само двајца пилоти и 5 членови на екипажот, за релаксиран лет од околу 2 часа.

Од туристичката агнеција Новатурс изјавиле дека авионот имал намена да лета до Италија за да земе група и да ја донесе дома и за да се избегне авионот да лета празен биле продадени билети за лет во еден правец. Но, само еден среќен патник купил еден билет.

Скримантас изјавил дека ова било „најневеројатното животно искуство кое се случува само еднаш“. Тој споделил селфи фотографии од летот, каде што може да се види неговата насмевка од уво до уво.

Сподели на Facebook
пати видено