Изреволтиран затвореник во затворот во Варингтон, Англија со прошверцуваниот мобилен телефон ги фотографирал оброците и ги пратил на Manchester Evening News. Тој пишувал дека оброците се одвратни и „како храна за кучиња“, а исто така напишал дека „попрво би гладувал отколку да ги јаде“.
Кога властите ги забележале фотографиите му го заплениле мобилниот телефон, а за тоа затвореникот добил и дополнителна казна.
Храната на жолтите пластични чинии секако не изгледа вкусно. На фотографиите може да се види риба и помфрит, пица и грав, нешто што би требало да биде месо, црн дроб и пилешки хамбургери со тестенини. Но, сепак ова не е толку шокантно за нас колку што би требало да биде.
Иако во Англија го критикувале затворот за „суровата“ храна кај нас вакви оброци (па и полошо) можете да најдете во студентските домови. Ние навистина не знаеме што згрешиле нашите студенти за ваква казна, но сигурни сме дека доколку им пратиме фотографии на затворениците во Англија веднаш ќе им станат вкусни нивните оброци. Еве две фотографии од студентскиот дом Пелагонија и студенстскиот дом „Стив Наумов“: