Надија Бокоиј од Австралија била во брак 7 години и откако се развела, бидејќи сметала дека нејзната врска била „токсична“ решила да проба нешто сосема ново. Таа започнала „експеримент“ во кој спиела со 7 различни мажи во неделата.

Таа оваа искуство го нарекува „ќуп со злато на крајот од моето сексуално виножито“ и открива како „минливите љубовници“ и ги гаселе фрустрациите и „неискажаните желби“ што ги почувствува на крајот на нејзиниот брак.

Таа признала дека и капеле „солзи радосници“ веднаш по некои средби: „ Фрустрациите и неизговорените желби што ме опфатија на крајот од распаѓањето на мојот брак не само што ми ја вратија љубовта за секс повторно, туку ме вратија во контакт со нешто поголемо. Заборавањето на сè што знаев за љубовта, страста и сексуалното задоволување во чудната безбедност на минливи љубовници кои не знаат ништо за мене или за мојата историја ми дозволи да го најдам патот назад кон себе – пред да бидам жена, девојка или дури и нечија авантура.“

Жената открива дека имала секусални односи и по 7 пати на ден со еден или двајца партнери. Сепак таа вели дека на крајот од денот се чувствувала исцрпено.

Со текот на времето Надија сфатила дека е „зависна“ од мажите со кои се среќавала и дека има сериозен проблем.

Откако го запознала моменталното момче Кјанан таа посетила психијатар и ѝ било дијагностицирано дека е зависник од секс. Заминала во институција за душевни болести каде што ѝ дијагностицирале „Гранично растројство на личноста“. Таа останала таму неколку недели, а потоа се приклучила на анонимна група за зависници од секс.

Таа верува дека ова и се случило затоа што немала „цврста“ машка фигура во нејзиното детство и затоа секогаш била во токсични врски. Таа вели дека сега е во моногамна врска со нејзиното момче и дека „авантурите“ биле само минлив дел од нејзиниот живот.

Сподели на Facebook
пати видено