Стив Зиелински е познат бизнисмен од Австралија кој во минатото бил вклучуван во повеќе скандали што се однесува до жените. Тој поседувал и многу познат ресторан каде што гостите можеле да јадат од голи тела на жени.
Тој бил во брак 11 години со неговата поранешна сопруга и откако се развел од неа јавно ветил дека повеќе нема да се жени. Сепак 67-годишниот инвеститор повторно се оженил со ни помалку ни повеќе 30-годишната фитнес-тренерка, Емили Чарман.
Зиелински ветил дека нема да се пжени повторно затоа што само правните трошоци од претходниот развод го чинеле 1,2 милиони долари. Со новата сопруга се запознал во кафуле, пред 8 години кога тој имал 59, а таа само 22 години. Тој вели дека неговата сопруга не е „спонзоруша“ и дека има вистински „семејни вредности“.
„Мислев дека таа нема да е заинтеренсирана за мене. Но се спријателивме и развивме врска.“, вели тој. Кога го прашале зошто повторно се оженил и дали се плаши повторно да биде „жртва“ на скап развод, Стив изјавил: „Се средив после мојот прв развод, благодарение на адвокатите. Сега ниту една не може да биде со мене за парите.“
„Многу мои пријатели се самци и бараат девојки, а имаат Ламборгини или Ферари и избираат погрешни девојки бидејќи девојките гледаат во автомобилите и велат ‘А овој тип е полн како брод’.“, додава Стив. Тој вели дека немал таков пристап кон неговата нова сопруга.