Велат дека сѐ е можно доколку имате добар пријател кој ќе ве подржува во тешките времиња. Момче со хендикеп, од Кина успева да оди на училиште секој ден во изминативе 6 години, благодарение на неговиот пријател и соученик, кој секојдневно го носи на грб и на дожд и на сонце.
Ксу Бингјанг иако има само 12 години, секој ден го носи неговиот пријател Жанг Зе на училиште. Хуманото момче исто така го носи пријателот на грб кога треба да оди да јаде или кога менуваат училници за различни часови. Ксу изјавил дека не му е проблем да го носи Жанг и дека ќе продолжи да го прави тоа.
„Јас тежам 40 килограми, а Жанг Зе тежи само 25, така што не ми е тешко да го носам.“, вели Ксу. Од друга страна Жанг му е неизмерно благодарен на својот пријател.
Тој вели: „Ксу е мојот најдобар пријател. Секој ден учи со мене, разговара со мене и се игра со мене. И јас му се заблагодарувам секој ден што се грижи за мене.“
Ксу и Жанг се учиници во 6-то одделение и Жанг вели дека Ксу се понудил да му помага уште кога биле прво одделение, а никој друг не сакал да ја има таа „обврска“. Жанг бил дијагностициран со ретка болест на мускулите и не може да ги движи нозете. Неизлечивата состојба, официјално наречена мијастенија гравис, предизвикала Жанг да ја изгуби контролата врз мускулите во нозете.
Дури и мајката на Ксу не знаела за хуманото дело на нејзиниот син. Таа вели дека дознала од другите ученици и од професорите.