Секојдневниот начин на живот на шведските пратеници е многу строг: Канцелариски простор од 7 квадратни метри, мали апартмани за функционерите од другите градови и ограничувања на користењето на парите на даночните обврзници во парламентарните активности.

Шведските пратеници не уживаат никакви дополнителни бенефиции, како што се на пример патувања во други земји со чартер-летови, пари за скапи хотели, ангажирање приватни консултанти итн.

Но не е сѐ така црно, како што изгледа за шведските пратеници. Сите 349 пратеници, како и претседател на парламентот, добиваат беспалтна годишна карта за користење на јавниот градски превоз.

Службените автомобили се малку, а нивната употреба е ограничена. Парламентот има само три автомобили, од моделот Volvo S80. Овој превоз е достапен само за претседателот на Собранието и неговите тројца потпретседатели и тоа само за официјални настани.

Во Шведска, единствениот политичар кој има право на автомобил е премиерот. Автомобилот ѝ припаѓа на Службата за државна безбедност на Шведска. Според владиниот советник, министрите можат да бараат возила но „само кога имаат добри причини за тоа“.

Бруто платата на член на шведскиот парламент изнесува 66.900 круни месечно (околу 7.200 долари). По плаќањето на високите даноци, нето-платата изнесува околу 40.000 шведски круни (околу 4.300 долари), што е двојно помалку од она што наставник во основно училиште заработува во Шведска.

До 1957 година, пратениците во шведскиот парламент немале ниту плата, туку им се плаќале само придонеси.

Одлуката да се утврди плата за пратеници е направена, како што е запишано во архивите на парламентот, откако било заклучено дека ниту еден граѓанин не треба да биде „лишен од можноста да стане пратеник од економски причини“. Но, висината на платата не треба да биде „толку висока за да стане економски атрактивна“.

Сподели на Facebook
пати видено