Убавата Анјела Градос стана Мис Перу за 2019 година, но набрзо нејзината титула ѝ беше одземена. Ова се случило затоа што една вечер решила да излезе со нејзината „колешка“ и 20-годишните девојки „малку“ се опуштиле со алкохол во ноќен клуб.
За да биде ситуацијата уште полоша нејзината пријателка цело време ја снимала и наводно по грешка го објавила видеото на социјалните мрежи.
Официјалните организатори на Мис Перу изјавиле дека преку ова таа дава несоодветен пример и ја срами организацијата и поради тоа ќе ѝ биде одземена круната и титулата. Сепак Анјела изјавила дека нема доброволно да се откаже од круната и ќе преземе правни мерки, затоа што видеото било дел од нејзиниот приватен живот и во тој момент не била на „должност“.
Сепак погледнете го видеото и одлучете сами. П.С: Видеото не е за лесно гадливи луѓе.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!