Лажирањето на производите е многу профитабилен бизнис. Вкупниот износ на фалсификувани стоки на денешниот пазар се проценува над 581 милијарда евра на годишно ниво, и тоа само во Америка.
Свесноста кај потрошувачите можеби е ниска, но дури и најобичната храна која ја купуваме секој ден може да биде вештачка и затоа квалитетот не е тоа што сме го очекувале. Во повеќето случаеви, лесно и веднаш може да се препознае вештачкото, а еве кои се најчестите вештачки производи:
1. Грашок
Иако изгледаат како едноставен производ, тие најчесто се вештачки. Вештачкиот грашок е комбинација на соја, снежен грашок, бои и натриум метабисулфит. Како да го избегнете неговото купување? Купувајте грашок од производител што го познавате. Тие ќе бидат показател за регионот на производство. И истовремено, ако зрната се презелени за да бидат вистинити, тоа значи дека најверојатно е додадена вештачка боја.
2. Јајца
Според кинеското Министерство за здравство, вештачките јајца содржат многу штетни состојки како бензоева киселина, натриум алгинат и други и речиси секој дел од јајцето може да биде вештачки. Иако овој проблем е најчест во азиските земји, сепак бидете внимателни при нивното купување. Како да ги препознаете? Вештачките јајца имаат многу груби лушпи и истовремено се поголеми од вообичаените и вистински јајца. Ако пак, лушпата е во ред, тогаш обратете внимание на жолчката. Ако е прежолта, тогаш јајцето е вештачко.
3. Нудли
Во 2010-та година било откриено дека големи количества на вештачки нудлс- тестенините се произведуваат во Кина, а биле направени од расипано жито и адитиви, а во некои дури била додадена и пластика! Како да го избегнете нивното купување? Едноставно не ги купувајте.
4. Јаболка
Изненадувачки, и јаболката можат да бидат вештачки. Всушност, јаболката се природни, но адитивите што се ставаат во нив се вештачки и опасни. Со помош на хемикалиите овошјето изгледа премногу совршено. Како да ги препознаете? Јаболката што изгледаат премногу сјајни, премногу зелени, премногу заоблени, најверојатно се вештачки. Купувајте јаболка кои не изгледаат како фотошопирани.
5. Бакалар
Истражувачи од Универзитет во Даблин откриле дека 90% од димениот бакалар на тамошниот пазар всушност е сосема погрешно етикетиран и воопшто не ни станува збор за риба од тој вид. Како да го препознаете лажниот бакалар? За ова треба единствено да биде вистински експерт, бидејќи не постои начин просечниот човек да ги разликува до толку.
6. Цимет
Она за што сте мислеле дека е цимет, всушност е касија. Тоа е евтина алтернатива за познатиот зачин, кој насекаде се продава и е познат како цимет. Како да ги разликувате? Вистинскиот цимет е лесно кршлив и светол, а касијата е крута и светло кафеава. Во повеќето случаеви ширум светот, во декларацијата на вистинскиот цимет пишува “Cinnamomum verum”, a на декларацијата на касијата пишува “Cinnamomum aromaticum”
7. Боровинки
Американски велнес центар направил истражување и составил листа на производи што содржат боровинки, а резултатите покажале дека воопшто нема нивно присуство во производите, туку се што било етикетирано како боровинка или со боровинка, вусшност било комбинација од скроб, бои, вештачки вкус и хидрогенизирано масло. Како да ги препознете? Внимателно читајте го упатството. Ако наидете на дел при кој пишува Indigo carmine (E132), тоа значи дека производот не содржи вистински боровинки.
8. Шлаг пена
Некои произведувачи се толку талентирани што воопшто не им е потребно пена за да ја направат истата. Како да го избегнете нејзиното купување? Во состојките не би требало да има растителни масти и шеќер.