Огромна толпа танцуваше низ улиците на Есекс, кога ковчегот на фронтменот беше изнесен од локалната црква. Голем број на обожаватели допатувале од други држави од Европа, па и од други континенти за да ѝ искажат последна почит на музичката легенда.
Сопругата на Кит, Мајуми Каи не можеше да се воздржи и целата церемонија ја поминала во солзи.
Како и што се очекувало стотиците обожаватели го прославиле животот на Кит со еден голем рејв, притоа пеејќи песни од Продиџи и од други разни автори.
Сите биле облечени во светли бои кои Кит преферираше да ги носи на своите настапи. Исто така со себе донеле и алкохол за да наздрават за душата на Кит.
Ковчегот на музичката ѕвезда бил спуштен во земјата на песната Aerials, од метал групата System Of A Down. Days Like This од Ван Морисон, Wish You Were Here на Пинк Флојд и That’s Entertainment од The Jam исто така беа дел од погребната, церемонијална музика.