Овој неверојатен Бентли од 1936 година бил отккериен во една гаража во Хатон Мерси, Грејт Манчестер, каде што бил паркиран во изминатите 30 години.
Покојниот сопственик бил поранешен пилот на кралските воздухопловни сили, Чарлс Блекхем, кој починал во јануари. Автомобилот завршил на аукција и ги изненадил сите со конечната продажна цена.
Почетната цена на возилото била 200.000 евра, а крајната цена изнесувала 530.000 евра. Оваа неочекувано голема сума ја одразува уникатната природа на 4,5-литарскиот турер, еден од шесте некогаш направени. ОВие автомобили биле едни од најпосакуваните во тие денови, а овој автомобил на Чарлс е единствениот кој ја задржал својата школка како што била некогаш.
Поради тоа што цели 3 децении ги поминал во гаража, зелената бпја му била избледена, внатрешноста исто така е скината и уништена има исто така и растурена дрвена табла и ‘рѓосан волан. И покрај тоа, педигрето на автомобилот зборува за себе. Г-дин Блекхем го купил од оригиналниот сопственик полковник Гај Бедфорд во 1952 година.
Како дел од единицата на воените пилоти Чарлс бил прилично борбен човек. Тој бил дел од 550 ескадрилата, тој летал во познатиот бомбашки напад врз нацистичкото повлекување на „Кехштајнхаус“ во 1945 година. Подобро познат како „Орлово гнездо“, тоа било место за средба на Хитлер и други официјални лица лоцирано во Баварските Алпи.
Во комбинација со карактеристичниот изглед на автомобилот и угледот на сопственикот автомобилот добро поминал на аукцијата. Бентли го слави својот 100-ти роденден оваа година во јули, а наодот се смета за позитивен знак за H & H Classics.