Не многу луѓе зборуваат за судбината на старите кучиња скитници. Тие живеат во ранливи услови се додека не бидат спасени и однесени во засолништа за животни. Сепак ретко колку од нив ја имаат оваа среќа и нивните судбини најчесто имаат тажен крај.

Но, оваа двојка најде начин да им даде дома и семејство на овие кученца и нивната приказна е емотивна како што можете да си замислите.

Кога Мариеса и Крис Хјуз останале без кучето, постар Питбул по име Мојсеј, поради рак на ‘рбетниот мозок само 2 години по неговото посвојување, сфатиле зошто многу луѓе не се одлучуваат за постарите кучиња кога ќе одлучат да посвојат куче: Лекарските трошоци што доаѓаат со возраста на кучето се премногу високи за просечно семејство да си ги дозволи.

Кучињата како Мојсеј обично живеат во ранливи услови, во преоптоварени засолништа за животни поради нивната возраст и речиси никогаш не се земаат на посвојување поради трошоците за грижа за нив. Значи, семејството Хјуз, откако го изгубило Мојсеј, одлучило да смисли план во спомен на Мојсеј и да им помогне на оние кучиња кои се во иста состојба.

Така, Мариеса и Крис го финансирале Проектот г-дин Мо, организација за собирање финансиски средства која прима донации за покривање на медицински трошоци на животните.

На овој начин, тие можат да им овозможат на луѓето кои би сакале да ги отворат своите домови на овие постари кученца, но не можеле порано поради трошоците, сега да го направат тоа.

Проектот „ќе им даде живот на овие постари кучиња“, споделува Мариеса. И тоа и го направи. Од започнувањето на проектот, повеќе од 100 постари кученца пронашле постојан згрижувачки дом.

Тоа покажува дека, како што рекол Крис, постарите кучиња „имаат толку многу љубов да дадат. Потребна им е само вистинска личност која е подготвена да ја сподели.“

Сподели на Facebook
пати видено