Хети Ретројџ, од Њујорк вели дека редовно спие со мажи три децении помлади од неа и тврди дека ниту еден од нив никогаш не ја одбил.
82-годишната жена е мајка на две деца, баба на три и немала сериозна врска откако се развела пред 35 години. Таа за себе вели дека е „пума“ и редовно запознава млади момци на апликацијата за „запознавање“ Тиндер.
Таа вели: „Пумата никогаш не брка млади мажи. Постојат мажи кои сакаат постари жени и се убави и здрави и со секакви големи нешта. Никогаш не сум сретнала маж кој не сака да ме е*е. Ги известувам однапред дека морам да ги запознаам за да се создаде хемија. Излегуваме на пијалок, и ако хемијата е добра тогаш одиме во мојот стан, ако не тогаш, ние едноставно си заминуваме.“
Бабата во младоста била танчерка, а сега работи како животен тренер и писател. По обуката на уметничкиот колеџ во Њујорк, таа со својот сопруг отворила училиште за танц.
Во нејзината разновидна кариера, Хети потоа станала психоаналитичар за да ги издржува своите деца откако пораснале и заминале на колеџ. Меѓутоа, ова го отежнувало нејзиниот брак, а таа и нејзиниот сопруг се развеле во 1984 година, кога биле во своите 50-ти години.
Вооружена со нејзиното познавање на танцот и психоанализа, Хети почнала да дава терапија за движење на луѓето како дел од нивниот третман.
Таа почнала повторно да излегува со мажи, но сфатила дека постарите мажи не се способни да ја задоволат па затоа се свртела кон помладите. „Постарите мажи не се способни на жената да и дадат оргазам.“, изјавила отворено Хети.
Таа првин објавила оглас во весник дека бара помлади мажи, по можност на возраст под 35 години. И таа била “бомбардирана” со одговори. Значи, апликациите за запознавање биле природна прогресија за неа.
Хети инсистира дека секоја жена која сака да си го сочува телото и сексуалниот однос треба првин да си го „почитува“ телото. Или, како што вели: „Советот за с*кс кој им го давам на луѓето е мастурбирајте по ѓаволите. Мора да ви биде вклучен моторот без разлика дали така се чувствувате или не.“