Секоја година десетици илјади луѓе исчезнуваат низ целиот свет. Поголемиот дел од нив ги наоѓаат, на еден или друг начин, но има случаи кога луѓето засекогаш исчезнуваат, притоа не оставајќи ниту една трага.
Некој доброволно исчезнува, решава да започне нов живот, некој станува жртва на криминал, а судбината на некои останува непозната. Ние веќе пишувавме за судбините на 8 вакви луѓе, а сега дознајте ги уште помистериозните исчезнувања на овие личности.
Исчезнувањето на семејството Мартин
На 7 декември 1958 година, Барбара и Кенет Мартин со 3 ќерки – Барби, Сузан и Вирџинија – отишле да собираат материјали за божиќни украси во едно од живописни места на реката Колумбија. Така започна приказната за едно од најмистериозните исчезнувања во историјата на Орегон. Откако Кенет не отишол на работа 2 дена почнала потрагата за нив. Сведоците не можеле да дадат точна информација каде отишло семејството, а банкарската сметка останала недопрена.
Во март 1959 година, биле пронајдени траги од автомобилот на Кенет. На 1 мај 1959 година, една од апаратите на реката Колумбија фатил мистериозен објект на радарот, по 2 дена, околу 100 километри од опремата, телото на Сузан било откриено, а на 3 мај било пронајдено и телото на Вирџинија, 50 км од телото на нејзината сестра.
Телата на Барбара, Кенет и Барби, како и нивниот автомобил никогаш не биле пронајдени. Нивната судбина сѐ уште е непозната.
Исчезнувањето на Патриша Михан
На 20 април 1989 година, околу 20 часот, во близина на градот Сркл Монтана, Патриша предизвикала мала сообраќајна незгода. Возачот на другиот автомобил, полицајката Керол Хејз излегла од автомобилот за да види што ѝ е на Патриша. Патриша како да гледала низ Керол, ја поминала оградата, гледала во една точка, а потоа продолжила да се движи кон полето во ноќта.
Веднаш по несреќата полицијата почнала да ја бара и го нашле само нејзиниот чевел. Родителите не знаеле како таа стигнала до градот кој е 400 км оддалечен од нејзиниот дом. Според нив, таа страдала од депресија и на 21 април таа требала да се сретне со психолог.
Околу еден месец подоцна, една келнерка во едно кафуле во близина на куќата на Патриша во Бозман изјавила дека девојката појадувала во кафулето, но станала бидејќи требала да оди на шопинг. Имало уште 5.000 дојави дека девојката била видена, но ниту една не ги однела до Патриша.
Исчезнатото трио од Форт Ворт
На 23 декември 1974 година, 17-годишната Рејчел Трлика, 14-годишната Рене Вилсон и Јулија Ен Мосли, која имала 9 години кога исчезнала, заминале на божиќен шопинг во трговскиот центар во нивниот град Форт Ворт, Тексас. Рејчел го паркирала автомобилот пред трговскиот центар и неколку луѓе ги виделе внатре. Но, ниту една од нив не се вратила дома.
Роднините се упатиле на паркингот каде што го пронашле автомобилот со купените продукти. По еден ден сопругот на Рејчел добил писмо наводно од неа во кое пишува дека ќе оди во Хјустон на една недела. Сепак родителите и сите кои ја познавале тврделе дека писмото не го напишала таа.
Во 1981 година едно лице изјавило дека видело една непозната личност насилно става три девојчиња во комбе на 23 декември, но поради некоја причина тие не обрнале внимание на ова сведочење. Со години, полицијата проверувала непознати тела што одговарале на описот, но никое не било идентификувано како Рејчел, Рене или Јулија.
Исчезнувањето на Никол Морин
На 30 јули 1985 година, во 11:00 часот, 8-годишната Никол излегла од станот во Торонто за да плива во затворениот базен на зградата со својот пријател. 15 минути по излегувањето другарчето на Никол се јавило на домофонот на мајката на девојчето, Жанет, за да ја праша зошто Никол не се симнала. Жанет му кажала дека ќе дојде и не обрнала внимание се до 18:00 часот кога сфатила дека девојчето го нема.
Некои соседи велеле дека го виделе девојчето како оди кон лифотот, некои велеле дека виделе непозната жена во зградата, но никој со сигурност не можел да каже што се случило со Никол.
Исчезнувањето на Брајана Мејтланд
На 19-ти март 2014 година, 17-годишната Брајана Мејтланд завршила средно и прославила со нејзината мајка, а потоа се упатиле кон продавница. Според мајката, додека стоеле во ред на касата, Бријана забележала нешто надвор од прозорецот на супермаркетот и излегла надвор, ветувајќи дека ќе се врати. Кога мајката излегла надвор девојката стоела вознемирена на паркингот и ѝ кажала дека мора веднаш да оди дома за да се спреми за ноќната смена.
По завршувањето на ноќната смена пријателите ја поканиле на забава, но таа им кажала дека ќе се одмара за наутро да оди на втората работа. На патот кон дома автомобилот на Бријана удрил во напуштена куќа. Кога полицаец пристигнал да направи увид немало никој во автомобилот. Оттогаш не се знае што се случило со девојчето.
Исчезнувањето на Брајан Шафер
На 31 март 2006 година, 27-годишниот студент по медицина, Брајан Шафер, и неговите пријатели, Клинт Фиренца и Мередит Рид, го означиле почетокот на пролетниот распуст. Тие пиеле во еден бар, но одеднаш Брајан исчезнал. Пријателите претпоставиле дека си отишол дома. Во барот каде што пиел камерите го забележале неговото влегување, но не и заминување. Исто така го немало ниту на околните камери.
Автомобилот на Брајан бил пронајден во близина на неговиот дом 6 блока од барот, каде што го остави пред да исчезне. Долго време, девојката на Брајан го барала на мобилниот но не можела да го добие. Последен пат мобилниот телефон бил на 23 км од градот. Некои верувале дека Брајан исчезнал за да не го плати заемот за студирање.
Исчезнувањето на Аши Дегри
Во вечерта на 14 февруари 2000 година, 9-годишната Аши си го земала ранчето и ја напуштила собата. Таа спиела во иста соба со братот О’Брајан, кој слушнал дека девојчето станува но мислел дека ќе оди до тоалет. Таа вечер имало невреме. Кога нивната мајка дошла да ги разбуди во 06:30, сфатиле дека Аши ја нема.
Полицискиот службеник пристигнал на местото на настанот 10 минути по откривањето на исчезнувањето на девојчето, но потрагата по соседството не дала ништо. По исчезнувањето на Аши било објавено на телевизија, 2 лица изјавиле дека ја виделе на автопат околу 4 часот околу 2 километри од нејзината куќа. Некој човек се обидел и да разговара со неа, но таа избегала во шумата.
Нејзините лични работи биле пронајдени во една штала, но немало траги на насилство или крв. По 1,5 година на градилиште, 40 км од автопатот бил пронајден ранецот на Аши завиткан во кеса за отпадоци. Во 2016 година, ФБИ објави дека има сведок кој забележал дека Аши влегла во зелен автомобил во близина на местото каде што последен пат била видена.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.