Кекс со шолја добро кафе, наутро или вкусен сендвич за ручен не изгледаат премногу опасно. Иако, многу производи имаат негативни ефекти врз нашето тело.

Шеќерите, нездравите масти, прекумерната сол, алкохолот, па дури и кофеинот можат да уништат важни протеини и да нѐ дехидрираат, а нашата кожа е прва што страда.

1. Шеќерот ги уништува протеините и липидите

Шеќерот е одговорен за зголемување на телесната тежина, создавање брчки, нанесување штета на кожата и воопшто на здравјето. Јадењето премногу шеќери започнува процес кој се нарекува гликација: гликоза се врзува со протеини и липиди. Овој процес го оштетува колагенот на вашата кожа (бидејќи овие протеини се одговорни за цврстината на кожата) и го поттикнува развојот на брчките.

2. Транс мастите го ослабуваат протокот на крв во кожата

Транс масти може да се најдат во брза храна, длабоко пржена храна, маргарин, конзервирана, замрзната храна, а списокот продолжува и продолжува. Не само што го зголемуваат ризикот од развој на срцеви заболувања, но исто така ги стеснуваат артериите или крвните садови. Ова го ослабува протокот на крв во кожата и предизвикува предвремено стареење и брчки.

3. Алкохолот собира токсини

Една чаша вино нема да му наштети на вашето тело, но редовното пиење ќе влијае на црниот дроб. Кога вашиот црн дроб работи добро, токсините пминуваат природно низ вашето тело. Но, ако овие токсини се собираат во црниот дроб и не се разложуваат правилно, може да предизвикаат оштетување на кожата, како што се акни, испиеност и брчки, губење на колаген, губење на еластичност, црвенило, дехидрација.

4. Ниска потрошувачка на здрави масти

Здравите масти се од суштинско значење за вашето здравје и младоста на вашата кожа. Тие го намалуваат воспалението во кожата, поттикнуваат раст на косата и градат силни клеточни мембрани кои ја намалуваат загубата на вода во клетките на кожата, меѓу другите предности.

Еве ги здравите масти кои треба редовно да се консумираат за одржување здрава кожа:

  • Лосос
  • Чиа семе
  • Авокадо
  • Бадеми
  • Пченица
  • Сите ореви и семиња
  • Темно зелени лиснати зеленчуци
  • Омега 3
  • Кокосово масло

5. Солта прави да се задржи водата

Вишокот на сол може да се најде во многу популарни производи: сирење, пица, чипс, крекери, житарици итн. Солта предизвикува телото да ја задржува водата и води кон “подуен” изглед. Исто така, клетките се намалуваат и доведуваат до дехидрација. Недостатокот на вода ја остава кожата со брчки и, како резултат на тоа го забрзува стареењето.

6. Преработените меса предизвикуваат дехидрација.

Консумирањето на преработеното месо доведува до дехидрација и предизвикува воспаление. Покрај тоа, овие производи го намалуваат витаминот Ц во телото, што е важно за формирање на колаген. Обидете се да ги замените обработеното месо со пилешко.

7. Пржениот компир троши важни минерали од вашето тело

Компирот речиси веднаш се распаѓа во шеќери откако ќе влезе во внатрешноста на нашите тела. Храната пржена во масло на високи температури ослободува слободни радикали и ова предизвикува клеточно оштетување на кожата. Ако сакате да уживате во вашиот компир на безопасен начин-испечете го!

8. Кафето и кофеинските пијалоци ја прават кожата сува

Кофеинот е диуретик, кој ве тера да излачувате течност и создава недостаток на влага во вашето тело. Ова ја прави вашата кожа сува и кревка. Но, за среќа, овој проблем може да се реши: само пијте дополнителна чаша вода за секоја чаша кафе што ја консумирате. Исто така, не заборавајте да ја хидрирате кожата.

9. Зачинета храна предизвикува црвенило и надуеност

Зачинета храна може да предизвика црвенило на вашата кожа, бидејќи ги шири крвните садови.

Сподели на Facebook
пати видено