Хиаолонг од Кина забележал дека едно од новородените близначиња воопшто не личи на него. Тоа му изгледало сомнително па ја прашал сопругата за објаснување.

Таа се правдала дека близнаците се негови, но од болницата му предложиле ДНК тест за да биде сигурен пред да потпише дека е татко и на двете деца. Резултатите од тестот биле прилично шокантни.

Бебето за кое Хиаолонг сметал дека не личи на него, всушност не било негово. ДНК анализата утврдила дека еден од близнаците не е негов син. Од болницата изјавиле дека човекот бил видно потресен и веднаш се соочил со сопругата, која најпрвин негирала и тврдела дека резултатите се лажни, но потоа признала дека имала афера за една ноќ.

Таткото изјавил дека со задоволство ќе се грижи за својот син, но не и за другото бебе. Близнаците од различни татковци се исклучително ретка појава позната како хетеропатернарна суперфекундација. Жените обично треба да имаат секс со двајца различни мажи во текот на еден ден пред или по овулацијата за две јајце клетки да се оплодат.

Експертите велат дека е тешко да се пресметаат точните шанси на феноменот, но претходните студии укажуваат дека шансата може да биде помеѓу еден од 400 парови и еден во 13.000 парови.

Сподели на Facebook
пати видено