Двајца мажи биле пријавени дека се обидуваат да украдат моторцикл. Полицијата ги прекинала во нивната намера и тие се фрлиле во бегство. Нивната потера завршила на кравот на една од куќите во Лондон. Над 10 полициски возила се собрале околу куќата, а над нив надлетувал и полициски хеликоптер.
Откако сфатиле дека нема излез од ситуацијата, крадците почнале да фрлаат кон полицијата тули од кровот и други предмето кои им биле при рака. Тие останале на кровот во текот на целата вечер, околу 7 часа. На крајот драмата завршила и тие биле префрлени во полициската станица. Истрагата за нив допрва ќе се спроведува.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!