Владеечкото тело на сектата Јеховини сведоци е обвинето за одржување тајна база на податоци за злоупотребувачи на деца во рамките на групата и не ги споделиле овие информации со властите.

„The Watchtower Bible“ кое служи како управувачко тело на организацијата платило милиони долари во судски казни и договори, наместо да ги откријат сите досиеја со имиња и адреси на обвинетите педофили.

Според официјалната веб-страница на организацијата, има повеќе од 8.57 милиони луѓе кои се идентификуваат како Јеховини сведоци ширум светот, вклучувајќи и приближно 1,5 милиони во САД. Според некои проценки, бројот на педофили помеѓу Јеховините сведоци се движи од 18.000 до 23.000, според податоците од последните 20 години.

Watchtower има „правило на двајца сведоци“ што произлегува од Библијата, што наметнува дека ниту еден Јеховин сведок не може да биде обвинет за грев, вклучувајќи и злоупотреба на деца, без два веродостојни сведоци кои би можеле да го потврдат обвинението, освен ако наводниот сторител не го признае делото сам.

Но, како што истакнуваат критичарите на христијанската секта, злоупотребата на деца е ретко извршувана пред сведоци. Ова не е прв пат заедницата на Јеховини сведоци да е обвинета за прикривање на сексуална злоупотреба на деца.

Голем број на луѓе, најчесто жени, во изминатите години пријавија случаи на сексуална злоупотреба во рамките на заедницата додека биле деца. Некои од нив кажале за злоупотребата веднаш, но нивните тврдења биле одбиени поради „правилото на двајца сведоци“.

Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!

Сподели на Facebook
пати видено