Хедер Броу од Мичиген, забележала три длабоки „пурпурни гребнатинки“ на образот на нејзината 1-годишна ќерка, откако се разбудила од спиење.
Необјаснетите повреди на нејзината ќерка Лили, ја поттикнале Хедер и нејзиниот сопруг Џош, кои живеат во куќата на неговата мајка, да ги проверат камерите. Но, откако го направиле тоа го почувствувале најголемиот страв во животот.
На снимката тврдат дека може да се види „фигура на дух“ кој поминува покрај колевката. Тие велат дека станува за „шизофреничен дух“ на човек кој живеел во куќата.
Мајката на Џош, им кажала дека претходна сопственичка на куќата била постара жена со скршен кук која не можела да се движи, а била пронајдена мртва на крајот од скалите. Нејзиниот брат шизофреничар живеел во гостинската куќа во дворот и тој починал неколку години подоцна.
„Ова е дух, не знам какви се неговите намери, но станува физички насилен. Ова нè тера да сакаме да заминеме што е можно поскоро. Што е можно поскоро ние заминуваме од тука.“, вели Хедер.
Тие прво помислиле дека можеби бебето само се гребнало, но гребнатините биле длабоки и не се совпаѓале со рацете на детето. Хедер и нејзиниот сопруг велат дека ова не е прв пат да им се случуваат необјасниви работи во куќата. Велат дека слушале врескање, тропање и гласна смеа.
Семејството се надева дека што е можно поскоро ќе се пресели во нов дом.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.