Д-р Џон Р. Ватрет летал од Лос Анџелес до Атланта кога дознал една многу интересна информација, дека пилотите на авионот биле жени.
Но, ова не е единствената работа која му била прилично интересна на Џон, станувало збор за мајка и ќерка. Пилотката Венди Рексон и на позицијата копилотка, нејзината ќерка Кели Рексон.
„Само што летав со екипаж мајка и ќерка, на Делта од ЛА до Атланта. Неверојатно!“, напишал Џон над фотографијата.
Џон кој е канцеларот на Кампусот на воздухопловниот универзитет Ембри Ридл не можел да одолее и морал да ги запознае двете неверојатни жени кои се пилотки за авио-компанијата Делта. Тој влегол во пилотската кабина ги фотографирал, а потоа фотографијата ја објавил на Твитер, по што таа веднаш станала вирална на сите социјални мрежи.
Приказната за семејството пилоти не завршува тука, подоцна откриле дека всушност и втората ќерка на Венди исто така е пилотка, како и сопругот на Венди и таткото на двете прекрасни девојки. Луѓето во коментари им се воодушевуваат на ова нивна семејна професија, која можеби ќе ја пренесат и на идни генерации.