Вил и Џуди Веб биле во брак 56 години. 77-годишните сопружници страдале од болести и изминатите 2 месеци ги поминале разделени во различни болници.
Постојат неколку приказни кои наликуваат на романтичната драма „Бележникот“, но оваа е поразлична од нив затоа што скоро целиот нивен живот е ист како во филмот.
Тие се запознале кога имале 14 години, првин биле пријатели, излегувале со други луѓе, дури и се вериле за други луѓе. Додека Вил бил во војска, Џуди немала момче па решила нему да му пишува писма. Така започнала нивната љубовна приказна. За жал оваа година за прв пат ја пропуштиле нивната годишнина, затоа што биле сместени во различни болници.
Првин се разболела Џуди и откако во декември имала операција проследена со компликации, работите тргнале на полошо. Она што ги изненадило сите е што и Вил ги имал истите симптоми кои ги имала и Џуди.
„Од тој момент сѐ што ѝ се случуваше на неа, му се случуваше и нему но на различно место. Таа имаше треска и тој имаше треска. Потоа добија пневмонија. Таа имаше лоша рекација на лекот наречен метаболна енцефалопатија, а потоа истото му се случи и нему.“, вели нивната ќерка Мерибет.
Кога сфатиле дека не им останува уште многу семејството ги споило двајцата вљубени и држејќи се за рака починале еден по друг во рок од неколку часа. Првин починал Вил, а Џуди не ја пуштала неговата рака додека и таа не го испуштила последниот здив.
Нивната ќерка вели дека иако е тажна за смртта на нејзините родители, сепак знае дека заедно се на „подобро место“ затоа што постојано кажувале дека не можат да живеат еден без друг.