Оваа жена без срам и грижа на совеста украла над 400.000 долари од семејствата на загинатите полицајци, за да си овозможи раскошен и луксузен живот. 68-годишната Лорен Шани работела како благајничка во полициската добротворна организација во Њујорк.
Добротворната организација им обезбедува средства на семејствата на полицајци кои се убиени на службената должност. Лорен 7 години била „волонтер“ во организација, од кога си црпела средства за свои луксузи.
Таа од парите си платила карти за концерт како и приватна школарина за внукот. Купувала и карти за различни настани кои биле во изност од 8.000 евра, а за карта за Барбра Страјсенд потрошила 1.400 долари.
Таа префрлила околу 45.000 долари на свои сметки, исплатила околу 29.000 долари за приватна школарина за внукот и потрошила 63.000 долари за кривични правни трошоци на нејзиниот син.
Исто така потрошила околу 32.000 долари за стоматолошки трошоци и 25.000 долари за уредување на нејзиниот дом. Таа била фатена кога еден нов волонтер ги разгледал даночните пријави и досиејата на добротворната организација во обид да ги модернизира непрофитните операции.
Профилите на социјалните мрежи на Шанли се полни со фотографии од неа со полицајци. Таа е обвинета за банкарска измама, која носи максимална казна од 30 години и тешка кражба на идентитет, која носи две години затвор. Вкупната штета што ја нанела на невладината организација и семејствата изнесува околу 410.000 долари.