На 2-ри Март, ова куче било пронајдено во напушетно советувалиште во Акрингтон, а спасувачите морале да го стават во специјално термичко ќебе за да преслабото куче што побрзо се затопли.
Ерик, чие име му го дале ветеринарите кои го спасиле, е опишан како неухрането машко куче од расата питбул. Кога го пронашле, ребрата му надѕирале од крзното, не можел да стои самостојно, ниту пак да ја крене главата.
Бил пронајден од страна на член на спасувачкото друштво, кога со својата ќерка се шетал низ локалниот парк, пред да го забележи Ерик како талка наоколу, слаб и пред колапс.
“Ова е најслабото куче што некогаш сме го виделе и спасиле. Имаше долги нокти и целосно беше прекриен во урина”- изјавил член на Здружението
Во фекалните материи биле пронајдени остатоци од стакло и делчиња од батерии, што покажуваат дека тоа му била единствената храна на Ерик, која покрај од очај, најверојатно ја јадел бидејќи и имал слаб вид.
Срцепарателните фотографии се доказ низ страшното искуство низ кое Ерик поминал пред да биде спасен, а сега со голема среќа, е на пат кон успешно опоравување, при што веќе ја накачил својата тежина и воедно е сместен во згрижувачки дом, каде за кратко време ќе биде вдомен, но овој пат кај вистинските луѓе што навистина ќе го сакаат.
Кралското Здружение за заштита на животните сега се обидува да ги пронајде сопствениците кои на овој нехуман начин го оставиле својот миленик, буквално животот да му виси на конец. Ерик не бил пријавен како скитник, ниту пак бил микрочипиран како што налага законот во Велика Британија.
Воедно замолуваат доколку тамошните граѓани имаат некоја корисна информација за неговите претходни сопственици, да пријават веднаш