Талентираниот ученик ги изненади сите гледачи на „Добро Утро Британија“ со рецитирање на Пи до 258 децимални места во живо. 10-годишниот Чарли Томас се појави на шоуто откако постави рекорд, кога го рецитираше бројот на 220 децимални места, а овој пат всушност си го сруши сопствениот рекорд.
Пи е ирационален реален број, кој го претставува односот на обиколката на една кружница со нејзиниот пречникот во Евклидовата геометрија. Првиот број на Пи е 3,14 и ова ни е добро познато, но бројот е бесконечно долг.
Проширувањето на позната секвенца на цифри во Пи е многу тешко затоа што бројот не следи ниедна поставена шема.
Говорејќи во живо, Чарли објасни дека ги учел броевите во блокови од 10 и вежбал неколку недели пред училишниот натпревар.
„Ако го правам тоа брзо, потребно е само помалку од 2 минути. Ги учам во блокови од 10. Секој блок од 10 е неколку секунди.“, вели малиот Ајнштајн.