28-годишниот Брентон Тарант ќе биде под 24-часовен надзор во затвор со максимална безбедност во Пареморемо, Окленд, и му е одбиен пристап до весници, телевизија и радио.
Самицата во која тој ќе биде сместен е опишана како просторија со крем и кафеави ѕидови направена од бетонски блокови од кои секој тежи по 17 килограми. Сепак тука не е крајот на безбедностите мерки кои ќе бидат преземени во врска со терористот.
Австралијанецот ќе биде „сместен“ во ќелија од 9 метри квадратни, со детектори за отчукување на срцето, безбедносни врати што се отклучуваат со скенери за отпечатоци на прсти и пет-слојна ограда.
Секоја ќелија е со ширина од 3,1 метри и долга 2,9 метри и содржи еден челичен кревет прицврстен за ѕидот, прозорец, биро, тоалет и туш видливи за сите вработени преку камери.
Огледало на таванот ќе им овозможи на чуварите да имаат поглед на ќелија од горе, а од другата страна ќе има решетки над висококвалитетното стакло. Затворениците во затворите со максимална безбедност поминуваат до 20 часа дневно во нивните ќелии, според изјавата на директорот на затворот Енди Ленгли.
Затворот Пареморемо, кој неодамна беше подложен на обнова од 300 милиони долари, има 681 затвореници и е дом на некои од најопасните криминалци во Нов Зеланд. Максималното безбедносното крило има 260 затвореници.
Затворот е единствениот затвор со максимално обезбедување во земјата. Сите простории се лоцирани на приземјето, а индивидуалните крила што излегуваат од центарот можат да се исклучат ако се појават пожари или немири.
Без пристап до информации од надвор, Тарант нема да може да добие извештаи за масакрот. Исто така нема да може да има посетители.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!