Модерниот начин на живот е прилично брз и многу често се случува да пропуштиме одредени случувања или настани. Сепак иако некои луѓе се помириле со фактот дека не можат во исто време да одат на одмор и да собираат пари за нов автомобил, други лутаат со мислите во светот за кој сметале дека го пропуштиле.
FOMO или Fear of missing out (Страв од пропуштање) е модерна „болест“ која ни е наметната од социјалните мрежи.
Оваа социјална анксиозност се карактеризира со „желба постојано да се поврзува со она што другите го прават“. Или претставува жалење кое може да доведе до компулсивно загриженост дека некој може да ја пропушти можноста за социјална интеракција, ново искуство, профитабилна инвестиција или други задоволувачки настани.
Со други зборови оваа состојба го складира стравот во луѓето, дека донеле погрешна одлука за тоа како ќе го поминат своето време и така тие постојано замислуваат какви би биле работите кога би била поразлична ситуацијата. Овој феномен првпат бил идентификуван во 1996 година од страна на д-р Дан Херман, маркетинг стратег, кој го истражувал и го објавил првиот академски труд на оваа тема во 2000 година во The Journal of Brand Management.
Многу е тешко да се најде време да се каже „да“ на сè, всушност тоа е невозможно. Неизбежно е дека не можеме да бидеме присутни за секој собир. Тоа е само начинот на кој ние ментално се справуваме со пропуштањето што одредува дали сме во ред со тоа, или ќе нè изеде одвнатре. Според една студија објавена од LiveScience, оние кои страдаат од FOMO „се чувствуваат помалку компетентни, помалку самостојни и помалку поврзани со други луѓе отколку луѓето кои не се грижат да бидат изоставени“.
Со доаѓањето на технологијата, социјалните и комуникациските искуства на луѓето се проширени од лице-во-лице до онлајн. Од една страна, модерните технологии (на пример, мобилните телефони, паметните телефони) и услугите за социјално вмрежување (на пример, Фејсбук, Твитер) даваат единствена можност луѓето да бидат социјално ангажирани со намалени „трошоци за видување“.
Од друга страна, посредничката комуникација продолжува со зголемено потпирање на Интернет. Психолошката зависност од постоење на интернет може да резултира со вознемиреност кога некој ќе се чувствува исклучен, што ќе доведе до страв од пропуштање, па дури и патолошка употреба на Интернет. Како последица на тоа, FOMO се смета дека има негативни влијанија врз психолошкото здравје и благосостојба на луѓето, бидејќи може да придонесе за негативното расположение на луѓето и депресивните чувства.
Доколку сметате дека покажувате знаци на „страв од пропуштање“ прочитајте ги овие 7 начини за избегнување на FOMO:
- Сфатете дека можеби не пропуштате ништо бидејќи и вашиот живот е убав
- Избегнувајте прекумерено користење на социјални мрежи
- Не се обвинувајте доколку понекогаш не излезете со пријателите
- Сфатете дали вие сте причината за вашето FOMO (постојано ги избегнувате луѓето и не сакате да комуницирате)
- Бидете организатор на забава или на некој настан
- Помирете се со фактот дека не можете да направите сѐ
- Запрашајте се дали зад вашиот страв од пропуштање се крие нешто поголемо?