Каде е поголема веројатноста да се фати среќата за опашка? Еве малку совети за сите кои ја бараат среќата: на тавани, пазари за производи од втора рака и, се разбира, во контејнери за ѓубре.
Ова најверојатно не е одговорот кој го очекувавте, но можеби степенот на фрустрација ќе се намали откако ќе дознаете за неколку неочекувани откритија.
1. Легендарната слика
Во 1992 година, Тери Хортон се обиде да се ослободи од огромна непријатна слика на продажба во гаража. Еден локален професор по ликовно ѝ кажал дека сликата наликува на онаа на познатиот уметник Џексон Полок. „Кој по ѓаволите е Полок?“ Испитувањето траело многу време, но на крајот, автентичноста на платното била утврдена со отпечатокот на уметникот. Тери не сака да ја продаде сликата под 50 милиони долари, а досега ѝ биле понудени само 9 милиони. Таа за сликата сѐ уште вели: „Проклето грда слика!“
2. Туѓа среќа
Г-дин Леонардо барал по канти и контејнери фрлени лото ливчиња и слично, меѓу нив често се случувало да има и добитни, но луѓето од невнимание или грешка ги фрлиле. Во просек, на овој начин заработувал од 100 до 300 долари дневно.
3. Гума со изненадување
Група на Американци пронашла гума на патот, а во гумата имало 100.000 долари. Најголем дел од луѓето би си ги поделиле парите и никој не би дознал за ова, но чесните момци го пријавиле случајот во полицијата.
4. Колекционерска книга
Секако денес луѓето се почесто ги фрлаат книгите и се свртуваат кон електронските уреди. Но, она што можеше да предизвика некој да го фрли првото ретко издание на „Клетници“ од Виктор Иго останува мистерија. Патем книгите биле дури и потпишани.
5. Нов живот од урна на покојник
83-годишниот Едвард во урна сопепел на покојник пронашол добитно лото-ливче во износ од 1 милион долари. Сепак, подоцна среќникот бил принуден да плати 140 илјади долари на семејството на човекот, кое го купило ливчето.
6. Ван Гог на таванот
Сликата Ван Гог „Зајдисонце во Монтмајур“ била пронајденана таванот на норвешкиот индустријалец по неговата смрт. Сега ова платно може да се најде во Музејот на Ван Гог во Амстердам.
7. Накит, парфем и други убави мали нешта
Мартин од Канада одамна сфатил дека парите се во ѓубрето. Тој со години пребарува контејнери и депонии во потрега апо вредни работи, кои подоцна ги објавува на неговиот блог и ги продава. Меѓу неговите производи, може да се најдат вистински бисери, луксузни предмети, антички монети, грнчарија, колекции парфеми, накит и др.
8. Винтиџ лампа
Пред многу години човек додека вршел поправки во некој дом му била пдоарена лампа, кој не функционирала. тој ја поправил и ѝ ја подарил на неговата ќерка, а таа ја користела со години. Дури после многу години нејзин пријател и кажал дека станува збор за Тифани лампа. Жената користела ламба која вреди 55.000 долари, а можела да вреди и повеќе доколку нејзиниот татко не ја преуредил.
9. Државни информации
Кога „статуа на слободата“ била градена, случајно бездомник пронашол цртежи означени како „тајни“ во контејнер за отпадоци. И покрај тоа што тие ги рефлектирале нецелосните информации за планираниот проект, сепак копиите од 150 страници биле повеќе од доволно за да се организира саботажа или терористички напад. Јавноста и самите работници во центарот биле шокирани од варварското кршење на правилата за безбедност и бесрамната глупост на ситуацијата.
10. Колекција од олдтајмери
Во стара гаража во Франција имало 60 автомобили кои припаѓале на претприемачот Роџер Бајон, кој се надевал дека ќе ги реставрира и ќе ги претвори во вистинска музејска колекција. Тој ја оставил колекцијата на своите потомци, но тие немале поим за нејзината вредност и обем, се додека во 2015 не поканиле експерти да се справат со овој импресивен куп старо железо. Вкупната вредност на преживеаната колекција се проценува на повеќе од 15 милиони долари.
11. Повраќаница на кит од 0,5 милиони долари
Шанкер од Тајланд на плажата пронашол грутка од нешто што наликувало на мек восок. Тој го однел парчето дома и со помош на семејството и експерти сфатиле дека станува збор за заврзната повраќаница од кит. Иако звучи грозно таа се користи во парфемите за да даде отпорност на мирисот. Во моментов, грутката пронајдена на Тајланд се проценува на околу 0,5 милиони долари.