Околу 2.000 луѓе се губат во шумата секоја година и околу 20 деца се киднапираат, само во САД, секој ден. Во такви ситуации, првите 72 часа се клучни за опстанок. Како ќе рагирате и ќе импровизирате во ситуацијата може да биде разликата помеѓу животот и смртта.

Погледнете ги овие неколку совети кои би можеле да ви помогнат во ситуација, во која, се надеваме, дека никогаш нема да се најдете.

Користење на гуми за џвакање и батерии за оган

Исечете една тенка лента од обвивката на гумата за џвакање. Свиткајте ја лентата на половина и исечете дијагонално преку преклопената лента. Кога ќе се расплетува лентата, треба да имате тесно место во центарот. Држете ги краевите на лентата на позитивните и негативните краеви на батеријата.

Проверете дали металната страна на лентата ја допира батеријата, а не хартиената страна. И тадам! Имате пламен!

Забелешка: Овој метод функционира само со обвивки кои имаат метална страна.

Оган со стапче

Рачната вежба е најпримитивниот начин за палење на оган и бара само право и едно рамно парче дрво, дрва за потпалување и вашите голи раце. На рамното парче дрво направете дупка и ставете го правото стапче и почнете да вртите со рацете предизвикувајќи притисок надолу. Триењето ќе предизвика искри. Но, имајте на ум дека овој метод не е наједноставен за користење и бара одредена количина на пракса за да се усоврши.

Користење на леќи

За да запалите оган можете да користите било каков вид на леќа за да ја фокусирате сончевата светлина на дрвата. Сѐ функционира, лупа, очила, двоглед и слично. Ставете ја леќата на таков начин што ќе можете да ја концентрирате сончевата светлина колку што е можно на помала точка. И во одреден момент ќе видите чад. Секако овој метод функционира само кога има сонце.

Собирање на вода за пиење

Вриење

Ако имате пристап до вода од река, езеро или бара имајте во предвид дека ќе мора првин да ја зовриете. И покрај фактот што вриењето не ги отстранува загадувачите или честичките присутни во водата, тоа ефикасно ги елиминира повеќето микроорганизми одговорни за предизвикување на болести поврзани со цревата.

Стапици за роса

Собирањето на росата е лесен начин да се добие вода за пиење. Користејќи парче ткаенина како вашата маица избришете ги сите растенија натопени со роса. Потоа исцедете ја натопената ткаенина во сад и ќе имате вода. Роса е безбедна за пиење, но истото не може да се каже за површината по која се собира, па затоа е подобро да се зоврие.

Транспирација

Транспирацијата е процес на движење на вода преку растение и испарување преку неговите лисја, цвеќиња и стебла. Овој процес можете да го искористите за собирање на вода од растенијата. Сè што треба да направите е да пронајдете растение со лисја и да врзете пластична кеса околу него и да чекате процесот да ви обезбеди вода.

Ориентација

Импровизиран компас

Најискусните луѓе кои се впуштаат во пустината носат компас, но ако се изгубите и без компас, ставете вода во сад или направете баричка со вода и почекајте водата да се смири. Потоа полека поставете лист и врз него ставете игла или права метална жица (тријте ја од облеката за да ја магнетизирате). Магнетното поле на Земјата полека ќе ја усогласи иглата долж линијата север-југ.

Користете го Сонцето

  • На пролет: Исток ќе биде скоро, каде што сонцето изгреало. Запад ќе биде зад вас, Југ од вашата десна страна, и Север на левата страна.
  • Во лето: Исток ќе биде малку кон десно од правецот на кој гледате дека сонцето се издига.
  • Во зима: Исток ќе биде малку кон лево од правецот на кој ќе го видите сонцето.

Заштита од инсекти

Палење на билки

Мирисот произведен од согорувањето на одредени тревки како рузмарин, мајчина душица или нане може да ги задржат комарците и другите инсекти. Ставете ги во огнот и не грижете се.

Ослободете ги рацете во случај на киднапирање

Ослободување од стега

  • Одврзете ги врвките за чевли.
  • Поминете со врвката низ јамката на стегата и дригата страна врзете ја за другата врвка. Повлечете ги врзаните раце кон градите, а нозете оддалечете ги колку што е можно подалеку од вас и применете влечење.
  • Почнете да ги движите нозете како да возите велосипед.
  • Ова би требало да ја исече јамката на стегата.

Бегство од лисици

Повеќето стандардни лисици можат да се отворат со помош на шнола, спајалица или парче жица. Ако користите шнола извадете го пластичниот дел од неа. Ова се чекорите кои треба да ги следите:

  • Парчето метал нека биде рамно.
  • Вметнете го парчето метал до половина и свиткајте го за 90 степени.
  • Ставете го иглата целосно во бравата и наведнете ја во спротивна насока. Врвот на парчето треба да изгледа како буквата „Z“.
  • Оваа свиткана игла треба да дејствува како клуч. Вметнете ја во клучалката и мрдајте ја.
  • Ако го направите ова правилно, клучот треба да го подигне механизмот за заклучување и да се отклучат лисиците. Бидете трпеливи, бидејќи може да потрае некое време.

Ако сепак, мислите дека можете да соберете доволно сила за да го скршите лисиците, ова видео ќе ви покаже полесен начин да го направите тоа.

Сподели на Facebook
пати видено