Никој не сака расплакано бебе до него во авионот, особено ако летот е долг. Мајкатаод нашата приказна е свесна за оваа работа и затоа пронашла начин да допре до срцата на патниците со нејзиното љубезно дело. Дејв Корона, еден од патниците во авионот решил да ја раскаже приказната за креативната мајка.
Требало да биде долг 10-часовен лет од Сеул до Сан Франциско. Патниците седнале на своите седишта, а одеднаш една млада жена со новороденче во рацете станала и почнала да им дава мали ќесички на сите. И таа не барала ништо за возврат.
Ќесичките содржеле малку слатки, чепчиња за ужи и белешка на која пишувало:
„Здраво јас сум Јунво и имам 4 месеци. Денес одам во САД со мајка ми и баба да ја видам мојата тетка. Малку сум нервозен и исплашен, бидејќи тоа е мојот прв лет во мојот живот, што значи дека може да плачам или да направам премногу бучава. Ќе се обидам да патувам тивко, иако не можам да ветам ништо. Затоа мајка ми подготви една мала ќесичка за тебе! Тука има слатки и чепчиња за уши. Ве молиме да ги користите кога е премногу бучно поради мене. Уживајте во своето патување. Ви благодарам.“
Сите биле трогнати од оваа постапка на мајката. Всушност никој не ги употребил чепчињата за уши бидејќи Јунво за време на целиот лет не заплакал ниту еднаш, така што луѓето уживале во слатките.
Иако голем број на луѓе ѝ се восхитувале на нејзината идеја, други додале дека луѓето треба да имаат повеќе разбирање за родителите кои патуваат со мали деца и дека доколку било така, таа не би требала да вложува толку голем напор да ја избегне „непријатноста“.