Автомобилот беше претставен на саемот во Женева и сѐ што до сега беше тајна за шведскиот производител на суперавтомобили Кенигсег беше откриено. Најголемата пикантерија е тоа што автомобилот е крстен по таткото на газдата, 80-годишниот Јеско фон Кенигсег, кој е најголемиот поддржувач на својот син Кристијан, а неодамна се прежени со млада убавица.
Кенигсег Јеско со обичен бензин има 1.280 коњски сили, но со E85 (85% етанол и 15% бензин) оваа бројја се зголемува до 1600 КС.