Иако сме навиканти да го гледаме Џејмс Бонд како го спасува светот, во наредниот филм посветен на овој неверојатен агент тој ќе има и друга мисија: „Да ја заштитува животната средина“.
Режисорот Кери Фукунага сака ѕвездата Даниел Крег да седне зад воланот на ограничена серија на Астон Мартин.
Автомобилот кој ќе го вози главниот актер чини 290.000 евра и е електричен автомобил со цел филмот да биде „пријателски настроен кон околината“. Rapide E е првиот електричен автомобил на британската компанија и само 155 вакви возила постојат во светот.
Одлуката за користење на возилото со нула емисија ќе предизвика прилично голем потег од традиционалниот Aston Martin, кој користел бензин и кој пред повеќе од 50 години го возеше Шон Конери во Голдфингер. Режисерот за кој сите велат дека е вистински екологист тесно соработува со компанијата за автомобилот да се најде на филмското платно.
Најновиот Бонд филм, кој го има работниот наслов „Shatterhand“, ќе почне да се снима наредниот месец и треба да излезе во кината во текот на 2020 година.