Во домот на Хозе Гузман во Калифорнија избил пожар. Пожарникарите веднаш пристигнале на местото на настанот, а Хозе заедно со неговата сопруга и трите ќерки излегле надвор, но одеднаш човекот сфатил дека еден член од нивното семејство недостасува.
Тој без да размислува повторно се враќа во куќата која е веќе целосно во пламен. На видеото може да се види дека иако пожарникарите му велат да застане, тој не ги слуша и влегува во домот, од кој сега ништо не останало.
По неколку минути Хозе излегува со неговото куче. Тој изјавил дека нивното куче, пит бул по име Габана е дел од семејството и не можел да го остави.
„Додека трчав кон пламенот не можев да видам што има зад моето комбе. Но, знаев дека моето куче е внатре. Трчав и се обидував да се ориентирам, сѐ беше во пламен не можев да видам ништо.“, вели Хозе. Габана се криел зад тоалетот и за среќа му биле потребни само неколку минути за го извлече од куќата.
Во пожарот Хозе и неговото семејство го изгубиле скоро сиот нивен имот, вклучувајќи ги и алатите кои Хозе ги користи за работа. Гузнам работи на две работни места, како градежен работник и како столар.