Борче Ристевски призна дека си ја убил сопругата по две години откако нејзините остатоци биле пронајдени во грмушките. 54-годишниот татко кој живее во Мелбурн, Австралија се изјасни за виновен за убиство на 47-годишната Керен Ристевски, еден ден пред да биде суден за убиство во Викторијанскиот Врховен суд.
Ристевски е обвинет дека ја убил жената во нивниот дом во Авондејл Хајтс, а подоцна го фрлил нејзиното тело на 29 јуни 2016 година. Неговото признание предизвикало шок бидејќи тој за време на целиот период од нејзиното убиство до денес тврдел дека нема никаква врска со убиството и дека неговата сопруга заминала на прошетка и никогаш не се вратила.
Во изјавата Ристевски признал дека го години го прикривал убиството. Нејзиното тело било пронајдено во февруари 2017 година во близина на Маунт Маседон, а Борче и неговата ќерка Сара пријавиле дека Керен исчезнала скоро еден месец по нејзината „прошетка“.
Во текот на двонеделното сослушување во пресрет на судскиот процес, судот слушнал докази за честите караници на двојката Ристевски поради финансиските проблеми со семејниот бутик и долговите од стотици илјади долари. Борче и Карен се карале, пред таа, наводно, да излезе „на прошетка“.
Ристевски првобитно и кажал на полицијата дека на денот на убиството работел од дома, за неколку дена подоцна изјавил дека го возел автомобилот на Карен, до бензинска пумпа за да наполни гориво, истиот ден кога таа исчезнала. Приказната на Македонецот од Австралија, не се надополнувала и властите сметаат дека тој ден возел во националниот парк Маунт Маседон, за да се ослободи од телото на сопругата.
Доколку сакате добра акција или пак забегани и жестоки случки само за најхрабрите читатели, тогаш посетете го каналот Жестоко. Предупредување: Содржините може да ве вознемират!