Се смета дека средниот век е едно од најмрачните времиња во европската историја: повеќекратни војни, болести и недостаток на хигиена, ова се работи кои доведоа до многу проблеми. Но, средниот век исто така бил навистина интересен историски период за кој не знаеме доволно.
На пример, дали знаете зошто носењето на шарени облека било лошо или зошто витезите се бореле со полжави? Ако не знаете, мора да ја прочитате оваа статија.
Шарената облека на линии била лош знак
Носењето на шарена облека на линии во средниот век не било безбедно. Во 1310, чевлар од Руан всушност бил егзекутиран затоа што носел ваква облека. Носењето на облека на линии било дозволено само за актери, музичари, проститутки, еретици, дворски шутови и други луѓе кои немале стабилна позиција во општеството: овие алишта биле начин да се разликуваат од благородниците.
Модерните научници навистина не знаат зошто облеката на линии се сметала за лоша. Некои експерти веруваат дека тоа е затоа што ваквиот вид на облека може да го сокрие обликот на телото и може да се земе како обид за криење на вистинскиот изглед.
Зошто имало клун на маската за лекарите кои лечеле од чума?
Клунот не бил ставен само за да ги заплаши луѓето. Тој се користел за носење супстанции со силен мирис: на пример, крпа натопена во оцет, цвеќиња, билки или нешто слично. Се верувало дека чумата би можела да се запре со овој тип на филтер. Иако популарно мислење е дека е создаден за време на појавата на чума во текот на 14 век, не постои точен доказ за тоа. Некои научници веруваат дека костимот е создаден во 17-тиот век.
Зошто имало отвори во ѕидовите на катедралите?
Овие отвори се нарекуваат хагиоскопи и луѓето можеле да ги искористат за да видат што се случува внатре. Тие биле за луѓе кои не можеле да влезат во катедралата поради некоја причина, на пример, оние кои имале лепра. Отворите се наоѓале од страната на гробиштата или од ретко населени области. Во 16 век, повеќето од овие отвори биле запечатени откако се искоренила пандемијата на лепра.
Зошто спиралните скали секогаш одат во насока на стрелките на часовникот?
Тие биле изградени на овој начин во случај замокот да бил под опсада. Бранителите на замокот можеле да се слуштаат по скалите и да ја користат десната рака, бидејќи најголемиот дел од луѓето се десничари. А напаѓачот доаѓајќи по скалите, ќе има проблеми да го стори истото. Спиралните скали исто така биле различни по висина и ширина. Ова предизвикувало напаѓачите на кои не им биле познати да се сопнат и да паднат. Додека оние кои служеле во замокот ја снаеле секоја скала и можеле да се движат побрзо.
Зошто витезите се бореле со полжави?
На крајот на 13 век, ракописите што биле создадени во северниот дел на Франција имале слики на витези кои се бореле со полжави. Научниците не знаат точно зошто овие суштества не биле сакани од уметниците од средниот век, но постојат неколку верзии на оваа приказна. Една од нив вели дека полжав кој се појавува од школка е симбол на воскресението и сликата е само метафора.
Друга верзија вели дека полжавот е симбол на кукавичлук што уметниците ги ставаат во ракописите. И најверодостојната теорија е дека полжавот е симбол за Ломбардците кои биле во војна со Французите.
Бонус: Жените не биле толку убави како што се прикажани во сериите и филмовите
Се разбира жените во средниот век биле убави. Н, немале пристап до козметика, ниту пак тушеви. Значи кога гледате „Игра на тронови“ запомнете дека тоа е само серија, реалноста била прилично посурова. Еве неколку примери:
- Кога жените имале потреба од лажни веѓи, користеле влакна од глодари.
- Сите белези на кожата (бенки и пеги) се сметале дека биле добиени од ѓаволот и жените морале да ги кријат и отстранат овие „дамки на вештерство“ со вода од врба, крв од зајак и други чудни материи.
- Било модерно да се биде бел, па жените користеле жива, па дури и киселина, за да ги избелат лицата.
- И за нивната хигиена: немало фенси козметички производи, па жените морале да користат сапун кој бил направен од пепел и маснотии. Тоа бил предизвикот на средниот век, или да имаат валкано лице или да го исчистат со оваа брутална супстанција.
Отсекогаш ве мачеле големите прашања? Верувате дека светот не е толку едноставен и дека постојат и работи кои не ги гледаме? На вистинското место сте. Посетете го каналот Мистерии и урбани легенди.