“Речиси добив срцев удар!”, ова се зборовите на Дебора Браун од Ричмонд, среќничката која освои лото дури 30 пати во само еден ден, поточно на 11-ти Февруари. Таа купила 20 билети за дневното извлекување, кои ја имале истата четирицифрена комбинација: 1-0-3-1.
Сите нејзини 30 учества ја освоија првенствената награда од 5000 долари, со што вкупната добивка на крај изнесувала 150.000 долари.
Браун вели дека играта ја започнала со купени 20 билети, а подоцна купила уште 10, со истата комбинација. Кога комбинацијата била извлечена ноќта на 11-ти Февруари, секое од нејзините триесесет ливчиња, било добитно, при што буквално преу ноќ оваа жена од Вирџиија станала побогата за 150.000 долари.
Сите билети ги купила од исто место, поточно на продажното место лоцирано кај Ајронгејт Шел, во Честерфилд. Браун изјавила дека нема ништо итно на што да ги потроши добиените пари, но размислува за комплетно реновирање на својот дом.
Дневните извлекувања се одвиваат секој ден 14 часот и 23 часот навечер. Главната награда за билет од 1 долар е 5000 долари, а шансите за совпаѓање на сите четири броеви во точниот ред се 1 наспроти 10.000.
Во својата триесета година од постоење, градот Вирџинија генерира повеќе од 1.6 милиони долари дневно и истите ги донира за развивање на јавните училишта.