Ед Стафорд, авантурист и рекордер во Гинисовата книга на рекорди, во документарец за Канал 4, открива дека живеењето на улиците на Велика Британија е “многу попрофитабилно” отколку што замислувал.
Стафорд, кој е поранешен армиски капетан со искуство на преживување во Амазон, за снимањето на документарецот помина два месеци во улогата на бездомник во Глазгов, Манчестер и Лондон. Тој во продолжение открил дека како што постојано минувачите му давале по 11 фунти за брза храна, сендвичи и хамбургер, исто така можел и да заработи до 200 фунти за една ноќ.
За време на ова искуство открил дека има повеќе храна за бездомниците отколку што очекувал, благодарение на волонтерите. Во Глазгов само, видел 26 волонтери како даваат храна на двајца бездомници. “Мислам дека бев шокиран од количеството на храна што им беше достапна. На почетокот мислев дека ќе изгубам многу од тежината поради гладувањето и дека ќе ми биде физички тешко да преживеам, но всушност имаше изобилство на луѓе кои помагаа, буквално во сите три града”, изјавил тој.
А молењето и питачењето полека, но сигурно започнало да изгледа многу попрофитабилно отколку што и самиот тој очекувал. Стафорд од веќе виденото сега, вели дека во Лондон вообичаено луѓето заработуваат 100 до 200 фунти од вечер, а тоа е повеќе од што просечниот човек заработува на вистинска работа.
Еден бездомник кој го придружувал во Манчестер заработил 20 фунти за 30 минути, прашувајќи ги минувачите да му дадат пари за да може да се смести некаде на безбедно да преспие, а всушност парите му требале за неговата зависност од кокаин.
А споредувајќи ги градовите, изјавил дека живеењето на улиците на Манчестер било лудо како некој чуден зачин. “Ги гледате на улиците, на главните плоштади, замрзнати како зомби”, рекол Стафорд.
За разлика од Манчестер, во Лондон стекнал повеќе пријателства, но и увидел драстична разлика меѓу богатите и сиромашните.
Воедно бил шокиран после разговорите со некои бездомници за тоа дошле до таа ситуација, при што изјавил: “Претпоставува дека никој не сака да биде бездомник и да биде на улица ако има избор, но всушност сосема спротивното, повеќето имале избор, но го преферираат животот на улица живеејќи на нечија милост и на привремено сместување преку системот на бенефиции”.
Откако завршила неговата бездомничка авантура на британските улици, Ед сега стои на ставот дека нема директно да им помага на бездомниците, давајќи им пари кои ќе ги искористат за нешто лошо, но ќе се залага да им даде поголема поддршка на луѓето да не дојдат во таа ситуација воопшто.
Според списанието “Big issue” (Голем проблем)”, околу 4000 до 5000 луѓе спијат на улиците секоја вечер, а 78.930 луѓе се сместени во привремени живеалишта, додека пак постојат 320.000 бездомници. Истото списание им помага на бездомниците да заработуваат со тоа што ги вработува да го разнесуваат списанието на потребните локации.