Се будат мажот и жена на 8-ми март. Жената, протегајки се слатко:
– Ах, каков убав сон сонував – ти ми подари за 8-ми март кожно палто и дијамантски прстен! Што ли значи тоа?
Мажот ја бакнува нежно и ѝ вели насмеано:
– Почекај, вечерва ќе разбереш!
Вечерта жената се вратила порано од работа, зготвила празнична вечера, запалила свеќи, се дотерала провокативно… Си доаѓа мажот од работа и носи убаво спакуван пакет. Таа го отвора брзо и гледа внатре книгата „Соновник“.