Тори и Кори Хамлин се млад пар од Џорџија, родители на четиригодишниот Еверет. Како и сите родители кои сакаат да го направат најдоброто за своето дете, мислат дека е важно детето да научи за љубовта спрема животните уште од најрана возраст.
Па така, уште кога бил само неколку месеци, родителите му купиле на Еверет златна рипка, а тој едноставно обожувал да ги гледа меурчињата и светлата во аквариумот. Аквариумот имал светла во разни бои, а Еверет постојавно се забавувал гледајќи ги, како и тоа да става разни предмети во тенкот, со цел забавата да биде уште поголема. Бил многу приврзан со рипката и времето го поминувал стојеќи близу до аквариумот. На златната рипка и давал разно разни имиња, но најчесто ја нарекувал ‘Немо’, по истоимениот цртан филм.
Една вечер, како и секоја друга вообичаена ноќ, Тори и нејзиниот 29-годишен сопруг Кори, му прочитале приказна за добра ноќ на младиот Еверет, а потоа сè упатиле кон дневната соба за да заедно гледаат филм. Но, тогаш слушнале бучава од детската соба.
-“Станав да отидам во бањата, а и попат да го проверам Еверет. Во неговата соба има мало столче што секогаш се наоѓа во ќошот, а сега забележав дека е поместено до неговиот гардеробер, што пак е одма до самата врата. Потоа ја забележав светилката од аквариумот што менува бои. Секогаш стоеше на самиот капак од аквариумот, а сега беше во водата. Капакот недостасуваше, а тоа никогаш се нема случено”- вели шокираната мајка.
Таа веднаш го повикала својот сопруг да дојде во детската соба објаснувајќи му дека не ја гледа рипката, ниту пак не може да го најде капакот, а тој само што влегол во собата збунето извикал: “Господе, тој ја држи рипката!”, покажувајќи кон малиот Еверет.
Четиригодишниот Еверет толку многу ја сакал својата златна рипка, што едноставно сакал само да ја погали. Ја извадил од аквариумот и гушкајќи ја, си легнал во својот кревет.
Родителите биле шокирани, но сепак знаејќи дека тоа не се случило намерно, му објасниле на Еверет дека несакајќи ја убил рипката, бидејќи рибите не можат да живеат надвор од водата, а тој се вознемирил и рекол: “Не сакав да го убијам Немо”, изјавила неговата мајка.
Еверет следното утро бил подобро, а кога го прашале повторно во врска со вчерашниот немил настан, повторувал дека само сакал да ја погали својата златна рипка.
“Еверет има уште многу да учи, а и ние со него. Децата не секогаш ги слушаат своите родители и се случуваат вакви грешки. Но, тоа е сè дел од родителството.”, рекла Тори.
Таа ја споделила својата приказна онлајн, при што добила преку 65.000 коментари, допаѓања и споделувања, а воедно биле преплавени и со симпатични понуди од разни луѓе кои се понудиле да му купат нова рипка на Еверет.
Но, не е тоа поената на приказната, како што вели Тори и додава: “Не би можела да земам туѓи пари”.
Тори и Кори му купиле нова златна рипка на Еверет, но претходно морал да вети дека нема да ја допира и вади рипката надвор од аквариумот.
Лекцијата изгледа ја научиле сите тројца.